Добродојдовте на интернет страната на Воената Болница

 

 

За поликлиничко лекување потребен е специјалистички упат издаден од матичен лекар, заверена здравствена легитимација и син картон или чек од пензија. Нашите кабинети од определена специјалност работат секој работен ден од 7.30 до 15 часот.

За стационарно лекување потребен е болнички упат издаден од матичен лекар, заверена здравствена легитимација, син картон или чек од пензија.

Центарот овозможува избор на матичен лекар од основна здравствена заштита од Воената амбуланта, Диспанзер за жени и Детски диспанзер, како свој матичен лекар.

За сите информации побарајте ја централата на Воената болница на тел.362 - 622, каде ќе ве поврзат со соодветното одделение или служба.

 

24 часа дежурна служба
372-123, 362-622, 283-435
Работно време на кабинети
7.30 - 15.00 часот